АКО УКРАИНА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, ТОГАШ ЌЕ ВЛЕЗЕ И ВОЈНАТА Европа не смее да ризикува, предупредува Орбан

Запрашан дали би го променил ставот за членството на Украина во Европската Унија во случај на прогласување прекин на огнот, унгарскиот премиер Виктор Орбан одговори дека би размислил поинаку, но подвлече: „Ама, нема прекин на огнот“.

269

Проблем со пристапувањето на Украина во Европската Унија е војната бидејќи доколку би ја вовеле земјата во ЕУ, со тоа во неа би ја вовеле и војната, изјави денеска во Брисел унгарскиот премиер, Виктор Орбан, при пристигнувањето на Самитот на блокот.

– Не би сакале да бидеме заедно во една заедница со земја што е во војна и што претставува непосредна опасност за нас. Ако членка на Европската Унија е во војна, тоа би значело дека и Европската Унија е во војна, а не го сакаме тоа – истакна Орбан.






Запрашан дали неговиот став кон пристапувањето на Украина во ЕУ ќе се промени доколку биде прогласен прекин на огнот, Орбан одговори:

– Да, но нема прекин на огнот.

На прашањето дали очекува наскоро да биде постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД, Орбан изрази резерви кон капацитетите на европските преговарач.

– Проблемот е што од страна на САД имаме силен преговарач за склучување на договорот, а од наша страна, ЕУ е многу слаба – рече Орбан.

Поврзани содржини