АКО УКРАИНА ИЗГУБИ ТЕРИТОРИИ, ТОА ЌЕ ДОНЕСЕ ХАОС ВО СВЕТОТ Гутереш бара праведен мир, согласно меѓународното право
Во време како ова, исклучително е важно меѓународното право да надвладее. Во спротивно, отвораме врата кон хаос низ целата планета, вели генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир што го почитува територијалниот интегритет на Украина би можел да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
– Во време како ова, исклучително е важно меѓународното право да надвладее. Во спротивно, отвораме врата кон хаос низ целата планета – рече Гутереш на конференцијата во Берлин за мировните мисии на ОН.
Британските медиуми пренесуваат дека германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека нема индикации дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот.