АКО ТРОШИТЕ И ПОД 631 КИЛОВАТ СТРУЈА, МОЖЕ ДА ИМАТЕ ПОВИСОКА СМЕТКА ОД НОВА ГОДИНА? Владата ќе го проширува тарифниот блок 3 за потрошувачка на струја

Според најавата,домаќинствата кои трошат нешто под 1000 киловатчасови струја и се во третиот тарифен блок ќе имаат повисоки сметки за струја како и оние од четвртиот блок.

4,151

Ќе се прошируваат тарифниот блок 3 и 4 за струјата како одговор на владата на забелешката на ММФ дека земјава многу пари троши на субвенционирање на електричната енергија. Ова го потврди вчера и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој меѓутоа рече дека тие што трошат помалку ќе плаќаат и помалку.






-Ќе го прошириме тарифниот блок 3, најверојатно и тарифниот блок 4 со што опфатот да биде поголем, за тие што трошат повеќе. А за најранлиците категории на граѓани, за луѓето кои што штедат вистински електрична енергија да останат ист тарифен модел и цената на електричната енергија или евентуалната промена на цената да не падне на товар на тие што се во првиот или вториот блок – изјави Битиќи.

Во тарифниот блок 3 спаѓаат потрошувачите кои трошат од 631 до 1.050 киловатчасови струја, а во тарифниот блок 4 сите кои трошат повеќе од 1.050 KWh .

Не е познато како  ќе изгледаат границите на тарифниот блок 3 и дали ќе се менуваат, што пак ќе повлече и голем број домаќинства да ја поминат границата од 631 киловат струја месечно во блокот 3. Сепак, се очекува само промена на цената на струјата за овие два блока, а не и промена на границите.

Регулатроната комисија за енергетика допрва ќе треба да прави пресметки како би требало да изгледа новиот распоред на потрошувачката на струја и која распон би требало да го имаат блокот 3 и 4.

Минатата година субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи беше до 80%, а тоа според Битиќи, е  неиздржливо за една мала земја како нашата.

Годинава субвенционирањето е намалено на некаде 60%.

Од лани во сметките за струја може да се види колкав е уделот на субвенциите од страна на владата. Кај пониските тарифни блокови може да се забележи и дека владата субвенционира до 91,5 % од потрошената струја.Така на пример за сметка до 5.000 денари субвенцијата на владата е повеќе од 4.570 денари. Или без субвенцијата сметката би изнесувала 9,575 денари.

Поврзани содржини