АКО ТРЕБА, ПЕКОЛНО ЌЕ ПЛАТАТ! Трамп се закани кон Иран и кон Хамас

Израел го исполни својот дел од договорот. Ако Хамас не го направи тоа (разоружување), ќе има пекол за плаќање, порача американскиот претседател по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп претходно се закани со напад кон Иран, доколку Техеран продолжи да развива нуклеарно оружје.

1,000

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката кон Иран и Хамас по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида. Тој предупреди дека САД ќе поддржат нови напади врз Иран ако Техеран продолжи со развој на нуклеарна или балистичка програма, а палестинското движење Хамас ќе се соочи со „сериозни последици“ доколку не се разоружа.

Трамп откри дека разменил информации со Нетанјаху за обновените активности на Иран, нагласувајќи дека „знае точно каде одат и што прават“.






– Не сакаме повторно да трошиме гориво на Б-2, тоа е 37-часовно патување. Но, ако треба – ќе го сториме тоа – рече Трамп, алудирајќи на можен воздушен удар.

Техеран неодамна потврди дека спровел нови ракетни тестови, што Вашингтон го смета за кршење на мировниот баланс по јуниската војна меѓу Израел и Иран.

Во делот за Блискиот Исток, Трамп рече дека сака да премине во „втората фаза“ на мировниот договор меѓу Израел и Хамас постигнат во октомври. Израел, пак, предупреди дека ако Хамас не го исполни условот за целосно разоружување, ќе продолжи со воени операции.

– Израел го исполни својот дел од договорот. Ако Хамас не го направи тоа, ќе има пекол за плаќање – порача американскиот претседател.

На прашање за Западниот Брег, Трамп призна дека не се согласува целосно со израелскиот став, но изрази надеж дека „ќе се дојде до решение“.

Нетанјаху, пак, рече дека Израел е решен да одржи стабилна граница со Сирија и најави дека Трамп ќе биде одликуван со највисокото државно признание на Израел.

Во еден контроверзен момент, Трамп спомена дека израелскиот претседател Исак Херцог наводно планирал да го помилува Нетанјаху од корупциски обвиненија.

Херцог ја демантираше изјавата.

 

Поврзани содржини