🎥 АКО ТРЕБА ЌЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД ДРЖАВНИТЕ ПАРИ, ИМЕТО НЕ ГО МЕНУВАМЕ Нема место за „северна“ во името СДСМ, категорична е Славјанка Петровска

„Ако јас бидам лидер на СДСМ, тоа прашање воопшто нема да биде тема на разговор. Ако цената за тоа е да се откажеме од државните пари, ќе го сториме тоа“, вели кандидатката Славјанка Петровска и најавува доследно почитување на Преспанскиот договор, но тоа го бара и од ВМРО-ДПМНЕ.

4,129

Ако треба, СДСМ ќе се откаже од државните пари, но нема да го смени своето име, согласно со Преспанскиот договор, кој предвидува и приватни ентитети да ги усогласат своите имиња со официјалното име на државата „Северна Македонија“.

Ова во поткаст за Плусинфо го изјави Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и кандидат за претседател на СДСМ, на изборите што треба да се одржат в недела на 30 јуни.






Во поткастите на Плусинфо во текот на оваа седмица ќе бидат претставени и кандидатите Александар Бајдевски и Јован Деспотовски. Единствено кандидатиот Венко Филуипче ја одби поканата за интервју.

Ова е делот од интервјуто со Петровска, во кој таа зборува за Преспанскиот договор и за тоа кое име таа ќе го употребува како иден лидер на СДСМ:

 

На прашањето дали ќе го користи името „Северна Македонија“, Петровска вели:

– Внимавам на официјални настани да го користам уставното име. Да, како министер за одбрана сум знаела да го изговорам и името „Македонија“ или „македонска армија“. Ми се случило некогаш да кажам дури и „Република Македонија“. Но, ниту сум била опомената, ниту сум била санкционирана, ниту била изразена било каква дипломатска нота. Затоа што било увидено дека јас тоа не го правам намерно или да докажам колкав патриот сум. И во иднина ќе кажам „Македонија„“, ама ќе кажам и „Северна Македонија“.

Славјанка Петровска додава дека од ВМРО-ДПМНЕ иочекува или репреговарање на Преговарачката рамка и укинување на Преспанскиот дофговор, или таа партија да  излезе и јасно да се каже – нема репреговарање на Преговарачката рамка, а Преспанскиот договор ќе го почитуваме.

Во интервјуто со новинарот Бранко Героски, кандидатката Петровска зборува за причините за поразот на СДСМ на овие избори, за состојбите во партијата, за потребата од враќање кон идеолошките корени и за своите планови како иден лидер на партијата.

Погледнете го целото интервју со Славјанка Петровска:

Поврзани содржини