АКО ТОА Е ВИСТИНА, ВЛАСТА БЕГА И СЕ ПЛАШИ ОД НАРОДОТ Мицкоски ги коментира наводите дека Владата ќе го отфрли референдумот

Стравот е едно, а соочувањето со народот е друго. Ние треба порано или подоцна да се соочиме со народот како политичари. Ова беше одлична можност заедно со референдумот да се организираат и предвремени парламентарни избори, но сепак еве оставам да ова биде шпекулација, да не е вистина и да Парламентот, односно спикерот најпрвин дозволи да се соберат тие 150 илјади потписи, а потоа да се оди на референдум па народот нека одлучи, истакна Мицкоски од гроздоберот во Кавадарци.

336
Ако е вистина, уште еднаш власта покажува страв, уплашени се, бегаат од народот, бегаат од предвремени избори, бегаат од референдум и навистина не знам дали го заслужуваат епитетот да бидат Влада бидејќи еднинствено нешто од што не бегаат е криминалот, кражбата и тендерите во четири очи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу најавите дека власта ќе ја отфрли иницијативата за референдум.





Мицкоски додаде и дека доколку се случи иницијативата за референдум да биде отфрлена, власта жртвува дополнително влошување на односите со опозицијата, а единствен одговорен за тоа ќе биде Владата.
– Ако тоа навистина така се потврди, тогаш жртвуваат дополнително влошување на односите помеѓу Владата и опозицијата и предупредувам дека единствен одговорен за тоа ќе биде Владата во овие тешки времиња бидејќи не покажува демократски капацитет –  потенцираше Мицкоски вечерва во Кавадарци.
Тој сепак остави простор дека најавите за отфрлање на иницијативата за референдум ќе испаднат дека се само шпекулации и Парламентот ќе дозволи да се соберат потписите за народот да одлучи на референдум.
– Стравот е едно, а соочувањето со народот е друго. Ние треба порано или подоцна да се соочиме со народот како политичари. Ова беше одлична можност заедно со референдумот да се организираат и предвремени парламентарни избори, но сепак еве оставам да ова биде шпекулација, да не е вистина и да Парламентот, односно спикерот најпрвин дозволи да се соберат тие 150 илјади потписи, а потоа да се оди на референдум па народот нека одлучи –  истакна Мицкоски.
Поврзани содржини