AKO ТИЕ НАПАДНАТ, НИЕ ДА ГАЃАМЕ ТРИ ЦЕНТРАЛИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА Медведев ги коментираше видеата за наводно ракетирање близу централата Смоленск
Доколку се потврди обидот за напад на нуклеарната централа Смоленск (во Десногорск, Русија) со ракети на НАТО, треба да го разгледаме сценариото за истовремен руски напад врз нуклеарните централи Пивденнокраинск, Ривне и Хмелницки, како и врз нуклеарните постројки во Источна Европа. Нема причина да се воздржуваме, порача Медведев во врска со видеото кое се прошири на каналот Меш на Телеграм каде наводно цел близу централата Смоленск во Русија е погодена со ракета С-200 од устрана на украинските сили.
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се закани дека Русија ќе нападне три украински нуклеарни централи и нуклеарни постројки во Источна Европа, доколку се потврди наводниот обид на украинските вооружени сили да ја нападнат АЕЦ Смоленск во Русија со „ракети на НАТО“, пренесува Јаху Њуз.
– Доколку се потврди обидот за напад на нуклеарната централа Смоленск (во Десногорск, Русија) со ракети на НАТО, треба да го разгледаме сценариото за истовремен руски напад врз нуклеарните централи Пивденнокраинск, Ривне и Хмелницки, како и врз нуклеарните постројки во Источна Европа. Нема причина да се воздржуваме – порача Медведев.
The Ukrainian rocket that exploded near the Smolensk nuclear power plant was not a Storm Shadow – military experts.
The Banderites used a converted Soviet anti-aircraft missile. We are probably talking about the S-200 missile modified for launching at ground targets. pic.twitter.com/ZaSmvKOQtB
— Black Diamond (@blackdiammon) July 9, 2023
Наводен обид на украинските вооружени сили да ја нападнат нуклеарната централа Смоленск со проектили објави во неделата вечерта пропагандниот телеграмски канал „Маш“. Нема официјални информации за ова прашање. Според Маш, Украина наводно се обидела да изврши ракетен напад врз нуклеарната централа Десногорск во Смоленската област и воениот аеродром во областа Калуга.
Во постот на Телеграм се сугерира дека во обидот за напад врз нуклеарната централа биле користени ракети од британско производство „Сторм“ и дека тоа наводно го докажуваат урнатините.
„Двата проектили беа соборени од руската противвоздушна одбрана на небото над селото Битош, Брјанска област, Русија, околу 14 часот. Првиот падна во поле, вториот во просториите на пилана“, тврди Маш.