АКО СТЕ ВО КЛИМАКС, ЈАДЕТЕ КАЛИНКИ 4 начини на кои калинката им помага на жените во менопауза
Кога станува збор за женското здравје, калинката е овошје број еден и ниту една жена не смее да заборави на нејзината консумација
Кога зборуваме за антиоксиданти – калинката е храна која ќе го доведе вашето тело во рамнотежа. Таа е одличен извор на влакна и фолати, витамини А, Б, Ц и К, калциум, калиум и железо. Ако јадете 100 грама калинка, ќе задоволите 16 отсто од вашата дневна потреба за витамин Ц.
Покрај тоа, калинката е одговорна за овие 7 придобивки:
- Има силни антиинфламаторни својства
- Се верува дека е добра превенција од рак на простата и рак на дојка
- Го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2
- Помага при хипертензија
- Ја подобрува крвната слика и ја враќа енергијата
- Спречува бактериски и габични заболувања
- Заштитува од Алцхајмерова болест и губење на меморијата
Меѓутоа, жените особено треба да обрнат внимание на конзумирањето на калинката бидејќи се смета дека таа ги отстранува тегобите од предменопаузата или постменопаузата, како што се промени во расположението, топли бранови, намалена густина на коските и слично.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.