AKO СТЕ ИСКРЕНИ, ИЗБРКАЈТЕ ГО БЕЌИМ НЕЗИРИ ОД ПАРТИЈАТА! Беса бара од ДУИ конкретен чекор, а не декларативно оградување

Така се дистанциравте и од Рамиз Мерко, па го гушкавте на партиски собири, се дистанциравте и од Дрин Мехмети, па го наградивте со „Соравија“ – вели Беса во реакцијата.

549

ДУИ не треба само декларативно да го осудува нападот на М-НАВ туку итно да го исклучи Беќим Незири и од партијата, реагира Движењето Беса.

„Итно да побарате разрешување од која било функција во М-НАВ!






ДУИ не треба да продолжи да игра дволична улога туку да дејствува. А не како досега: прво дистанцирај се од Рамиз Мерко, а после гушкај го на партиски настани, дистанцирај се од Беќим Незири, а после работи да го спасиш од правдата, дистанцирај се од Дрин Ахмети, а после награди го со „Соравија”!

Не е потребно само декларатива дистанца, туку потребно е акција!“ – се вели во реакцијата на Беса.

 

Поврзани содржини