АКО СТЕ АЛЕРГИЧНИ ИЛИ САКАТЕ ДА ЈА СМЕНИТЕ ИСХРАНАТА Еве што е замена за јајца, кравјо млеко, риба, глутен

Околу 25 проценти интолеранции на храна се поврзани со интолеранција на глутен, 15-17 проценти се резултат на интолеранција на млечни протеини, а другите интолеранции се застапени во приближно еднаков процент. Секоја намирница може да се замени со нутритивно еднакво вредна храна што нема да предизвикува реакција во организмот.

233

Алергијата на храна најчесто подразбира од менито да се исфрлат намирниците што предизвикуваат алергија. На лицата кои имаат нутритивна алергија генерално им се препорачува да јадат помалку белки, чоколадо, кикиритки, јагоди и шумско овошје, коцки за супа и конзервирани производи, мед, морска храна, пиво, домати, сирење…

Интолеранцијата се смета за поблаг облик и не бара трајно исфрлање на одредена намирница од исхраната, како на пример, алергијата на глутен. Луѓето со дијагностицирана целијакија доживотно треба да бидат на строга безглутенска исхрана, додека оние кои имаат пречувствителност на глутен, во одреден момент повторно ќе можат да јадат пченични производи. Нивото на антитела во крвниот тест за интолеранција на храна обично одредува и на колку време е потребно да се исфрли од исхраната одделна намирница.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини