Ако си оверзумед и имаш коронафризур, напиј се бир со Кушелконтакт
Германците добија 1.200 нови зборови поради пандемијата на ковид-19.
Лингвистите во Германија собраа околу 1.200 нови зборови коишто се појавија за време на пандемијата на коронавирус, а списокот го состави Институтот Лајбниц за германски јазик.
Меѓу новите зборови се „коронамиде“ (уморен од ковид) и „коронафризур“ (корона фризура), објави „Гардијан“.
Исто така, постојат зборови што ја опишуваат нечија состојба, како што се „оверзумед (под стрес поради многу зум повици), „коронангст“ (кога имате анксиозност поради вирусот) и „импфнајд“ (завидлив на оние кои веќе се вакцинирани).
Постојат и чудни зборови, додава Гардијан, како што е „Кушелконтакт“ (кога можете да изберете една личност надвор од вашето домаќинство со која можете да бидете физички блиски) и „абштандзбир“ (да пиете пиво на далечина), односно кога пиете пиво со пријателите на далечина.
Германците го усвоија и британскиот збор ковидиот, а го имаат и маскентротел (маска-идиот), за лице кое носи маска под носот.