Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Содржи материи познати како гингероли кои поседуваат антивоспалително, аналгетско и антиканцерогено дејство.
Ѓумбирот во јадењата и во напивките ја подобрува дигестијата и помага во лекување на настинките.
Шест придобивки од консумирањето ѓумбир
Го зајакнува имунитетот
Доколку сте едни од оние кои имаат мака мачат со честите настинки и вируси, со редовното консумирање сок од ѓумбир ќе го зајакнете имунитетот.
Овој напиток го подобрува ефектот на антибиотиците и циркулацијата.
Превенција од тумори
Бројни студии потврдиле дека ѓумбирот е добар во борбата против туморите, особено во превенцијата на ракот на јајчници.
За оние кои страдаат од иритабилно црево, ѓумбирот ги ублажува симптомите ако се пие во вид на чај или сок.
Помага во борбата против Алцхајмерова болест
Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на ѓумбир може да го забави пропаѓањето на мозочните клетки, што е главна причина за појава на Алцхајмер.
Го подобрува апетитот
Ѓумбирот може да го поттикне, но и намали апетитот. На поттикнувањето апетит делува така што произведува повеќе киселини во желудникот, но од друга страна ги согорува маснотиите во телото и дава подолго чувство на ситост.
Ги опушта мускулите
По тренингот е добро да консумирате храна во која сте додале ѓумбир. Тој најдобро делува ако го испиете или изедете наутро на празен желудник.
Ја стабилизира гликозата во крвта
Научниците откриле дека ѓумбирот ги намалува високите количини гликоза во крвта. Важно е да знаете колкаво ви е нивото на гликоза во крвта бидејќи влије на телесната тежина и нивото на енергија.