Властите на италијанскиот регија-остров Сицилија донеле одлука на секој млад пар кој ќе одлучи да се венча на Сицилија да му подарат 3.000 евра, пишува „Хафингтон пост“.
Понудата важи до 31 јули наредната година. Локалните власти издвоија 3,5 милиони евра за таа цел.
Сицилија со своите барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа е привлечно место за церемонии.
Оваа филмска венчавка ја лансираше Сицилија како едно од најценетите места за свадбени церемонии и го охрабри формирањето на голем број мали семејни компании кои се занимаваат со подготовка и организација на свадбени церемонии.
До пандемијата од ковид-19 на Сицилија, најчесто се венчаа парови од Америка и Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста што носела годишен приход од 50 милиони евра.
Последиците од кризата не влијаат само на компаниите што организираат свадби, туку и на активности поврзани со тоа, како што се угостителски објекти, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а со загуба се и местата изнајмени за свадби, не само убави сицилијански барокни вили и палати, туку и музеи, манастири…