АКО СЕ СЛУЧЕШЕ СКАНДАЛ КАКО ВО МАНДАТОТ НА СДСМ, БИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА Таравари ѝ ја спомна модуларната болница на Мираковска

Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска, која на министерот за здравство, Арбен Таравари, му постави 3 прашања, обвини дека се случи хуманитарна катастрофа со недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија. Таравари одговори на ова дека за жал на Онкологија се случило пациентите да немаат само 10 дена терапија, за разлика, како што рече, од тоа кога тие кога биле на власт, кога од 2018 до 2022 година, министер за здравство бил лидерот на СДСМ. Тогаш трипати се случило да нема биолошка терапија со месеци.

632

Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска, на денешната собраниска седница на која на дневен ред е и поставување опозициски прашања, побара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари за последните случувања во здравството. Таравари одговори дека би поднел оставка доколку му се случела Модуларна болница, скандал во Онкологија и оти не бега од одговорност, бидејќи има каде да се врати.

Мираковска, која на Таравари му постави 3 прашања, обвини дека се случи хуманитарна катастрофа со недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија. Таа посочи дека според СЗО, редовниот пристап до оваа терапија ја зголемува шансата за преживување на пациентите од 30 до 40% и оти се случил системски пропуст што ја загрозило оваа шанса за живот.






– Ниту збор за тоа колку видови терапија фалеа, во колкав обем, не добивме никаква информација што се случува, дали имате решение што ќе се случува. Онколошките пациенти над 10 дена беа оставени без животно потребната терапија, а вие покажавте непсособност да ги обезбедите тие лекови. Досега не слушнавме системско решение и што конкретно планирате за да бидат овие пациенти растеретени за да не им се случи ова. Зошто дозволивте да нема лекови, кој ќе ја понесе одговорноста за тоа? – праша Мираковска од собраниската говорница.

Според неа, овој случај е поткопување на довербата генерално во здравството.

Министерот Таравари одговори на ова дека за жал на Онкологија се случило пациентите да немаат само 10 дена терапија, за разлика, како што рече, од тоа кога тие кога биле на власт, кога од 2018 до 2022 година, министер за здравство бил лидерот на СДСМ. Тогаш трипати се случило да нема биолошка терапија со месеци.

– Зошто ова се случи – не поради тоа дека имаше помалку биолошка терапија, туку дека побарувачката беше поголема бидејќи инциденцата на карцином е зголемена за 7 до 10%. И не можевме да предвидиме дека ќе се зголеми за толку – одговори Таравари.

Рече и дека нема регистар на онколошки пациенти.

– Вие можевте за 7 години тоа да го направите, сега ние ќе почнеме, со цел да имаме предвидливост. Кога нѐ критикувате како здравство, само потсетете се на Модуларната болница во Тетово и на тоа што се случи на Онкологија, на луѓето да не им даваш лекови, туку да им пушташ витамини и вода во терапијата – истакна Таравари.

Пратеничката Мираковска се осврна и на зголемениот морталитет на Клиниката за педијатрија, прашувајќи го Таравари дали ќе побара помош од странство, доколку тие не можат да се справат со тоа.

– Ова што се случува во здравството е злостoрство против граѓаните и мора некој да одговара, ова е тажна слика за нашиот здравствен систем во овие 8 месеци – рече Мираковска.

 

Поврзани содржини