АКО СЕ ПОВЛЕЧЕТЕ, ДРУГ ЌЕ ГО ПОПОЛНИ МЕСТОТО Не останува празен простор на политичката сцена, му порача Мицкоски на СДСМ

Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Доколку мене би ме прашале за совет, мојот совет би бил да се појават на таква лидерска средба и да поразговараме за темите кои што се важни за граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски.

2

На политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор, вели премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија.

– Дали тоа ќе биде таа политичка партија за којашто вие говорите, дали некоја друга, дали некоја можеби нова, трета, не знам. Но, во суштина, кога вие го напуштате политичкиот простор, тогаш некој друг ќе го запоседне тој простор. Едноставно така функционираат работите во животот – рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по неговата посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.






Ние сме Влада, додаде Мицкоски, сме ја добиле довербата од граѓаните и треба да се однесуваме зрело.

– Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Доколку мене би ме прашале за совет, мојот совет би бил да се појават на таква лидерска средба и да поразговараме за темите кои што се важни за разговор и за граѓаните – нагласи Мицкоски.

По средбата, додаде Мицкоски, сите присутни дадоа изјава во којашто јасно ја потенцираа конструктивноста и дека на таа лидерска средба изоболувало со квалитет, предлози и мислења.

– Мене како организатор и претседател на Владата тоа ми претставува задоволство. Тоа што СДСМ одлучи да се самоисклучи, тоа е одлука пратпоставувам на актуелното раководство на СДСМ. Повторно ќе кажам, кога мене би ме прашале за совет, јас не би им го советувал тоа, но тоа е нивна одлука – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини