АКО СЕ ОДМОРАТЕ ВО СПЛИТ ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ Воведени се казни од 10.000 до 33.000 евра

Пристанишна управа вели дека повеќе нема да има попусти за неодговорни возачи кои го попречуваат нормалното работење на пристаништто и ги кршат законите и прописите.

395

Од вчера, Сплитската пристанишна управа воведе ригорозни казни за неправилно паркирање во градското пристаниште. Казните  достигаат до 1.000 евра за физички лица, додека правните лица можат да бидат казнети и до 33.000 евра, пишува Poslovni.hr

Пристанишна управа вели дека повеќе нема да има попусти за неодговорни возачи кои го попречуваат нормалното работење на пристаништто и ги кршат законите и прописите.






Мотоциклите паркирани на шеталиштето пред зградата на Поморскиот патнички терминал (ППТ), како и автомобилите што ги зафаќаат оперативните области на пристаништето, се особено проблематични.

Паркинг места за мотоцикли се обезбедени на западната страна од зградата на ППТ, како и на две локации во близина на поранешниот Далмацијавин и кај Гат Свети Никола.

Поврзани содржини