АКО СЕ ДРОГИРАЛ ЌЕ ГО ДЕПОРТИРАМЕ Што рече Трамп за принцот Хари?
Ќе треба да видиме дали (властите) знаат нешто за дрогата, и ако лажел, ќе мора да преземат соодветни мерки,m одговори Трамп, иако не кажа јасно какви треба да бидат тие мерки.
Принцот Хари нема да ужива посебни привилегии во САД ако се докаже дека лажел во врска со употребата на дрога при апликацијата за американска виза, изјави актуелниот кандидат за претседател Доналд Трамп. Во интервју со познатиот британски новинар Најџер Фараж Трамп беше прашан за наводите дека Хари се дрогирал, пишува ДејлиМејл.
– Ќе треба да видиме дали (властите) знаат нешто за дрогата, и ако лажел, ќе мора да преземат соодветни мерки – одговори Трамп, иако не кажа јасно какви треба да бидат тие мерки.
Интервјуто со Фараж треба да биде емитувано денеска во 7 попладне по британско локално време.
Претходно поранешниот американски претседател изјави дека „нема да го заштити“ Хари затоа што Хари „ја изневерил кралицата“. Трамп исто така нагласи дека доколку Хари победи на изборите во ноември, тој „ќе остане сам“.
Хари престојува во САД од 2020 година заедно со сопругата Меган и нивните деца Арчи и Лилибет. Принцот откри дека користел канабис, кокаин и психоделични печурки во своите мемоари насловени „Резерва“.
Хари призна дека користел кокаин и марихуана во минатото. Во една прилика изјавил дека канабисот му помогнал да ја излечи траумата од смртта на мајка му. Принцот рече дека користел ајахуаска, психоделичен лек, велејќи дека разбира дека мајка му сака тој да биде „среќен.“
Прашањето повторно се појави по февруарското интервју на Хари за „Добро утро Америка“, каде што спомена дека бара американско државјанство.
– Американското државјанство е мисла што ми помина низ ум, но тоа сигурно не е нешто што ми е приоритет во моментов – рече тогаш принцот Хари.
Секој што аплицира за виза за живеење и работа во Америка мора да одговори со „да“ или „не“ на прашањето: „Дали сте или некогаш сте биле зависник од дрога или зависник?“.
Сепак, ако се открие дека апликантот користел дрога, тоа не мора нужно да води до депортација на лицето од САД.
Just sat down with Donald Trump at Mar-a-Lago. Watch the full interview tomorrow at 7pm, only on @GBNEWS. 🇺🇸 🇬🇧 pic.twitter.com/uixUDwmEUE
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) March 18, 2024
Всушност, одделот за домашна безбедност на САД соопшти дека му требаат дополнителни две недели за да се лоцираат досиејата за имиграција на принцот Хари, а федерален судија мора претходно да одлучи дали досиејата треба да бидат јавно објавени.