АКО СЕ ДОКАЖЕ, ТОА ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ПРОНАЈДЕН ОСТАТОК ОД ВОНЗЕМСКИ БРОД! Професор на Харвард тврди дека фрагменти од метеор се всушност вселенско летало
Една од причините зошто Леб смета дека објектот ИМ1 и не мора да е метеор е дека „всушност е поцврст и има материјална сила што е поголема од која било камен од вселената што го открила НАСА. Тоа го прави овој објект сосема невообичаен“.
Ави Леб, врвен физичар од Харвард тврди дека можеби открил остатоци од вонземско „вселенско летало“ на дното на океанот, пишува Дејли Мејл! Неговиот тим пронашол 50 ситни фрагменти од железо во форма на топка, за кои рече дека мора да потекнуваат од „природна средина различна од Сончевиот систем или некоја вонземска технолошка цивилизација.“
Сега парчињата треба да бидат детално испитани. На неговите наводи се спротивставија од Канадскиот институт за проучување на Земјата и вселената, кои направиле компјутерски модели коишто не предвидуваат дека би требало да има железо во остатоците…Останува да се види што ќе кажат анализите.
Но, не му е првпат на професорот Аби Леб да тврди дека Земјата можеби била посетена од меѓуѕвездена технологија…На пример, во 2017 година, меѓуѕвезден објект наречен Умуамуа помина низ Сончевиот систем, а Леб, но и многу други научници тврдеа дека тој може да има вонземско потекло.
Тоа што е различно е дека Леб вели дека имало повеќе вакви вонземски објекти. Исто така, по негова заслуга, еден студент откри во 2019 година дека огнената топка со голема брзина од 2014 година, метеорот ИМ1, исто така има меѓуѕвездено потекло, пред Умуамуа.
Токму оваа идеја, дека ваквите метални остатоци можеме да ги извлечеме од океанот и да ги испитаме, довела до новата мисија на Ави Леб. Две недели тимот го пребарувал морското дно.
Една од причините зошто Леб смета дека објектот ИМ1 и не мора да е метеор е дека „всушност е поцврст и има материјална сила што е поголема од која било камен од вселената што го открила НАСА. Тоа го прави овој објект сосема невообичаен“.
– Сферите беа пронајдени првенствено по (предложената) патека по која има најголема веројатност дека поминал ИМ1 – изјавил професорот за Medium.com.
Како знае професорот Леб дека во остатоците од метеорот ИМ1 има најмногу железо? Преку спектроскопија, поточно флуоресцентна спектроскопсија направена со Х-зраци.
Сега, задачата за него и неговиот тим ќе биде да откријат дали постојат други елементи или нивни изотопои што би укажало на тоа дека објектот е направен од некој интелигентен вонземјанин.
Истражувачите донесоа инструменти за прелиминарна анализа, но вистинската работа ќе започне кога Леб ќе ги проучува мистериозните железни топки со попрецизна лабораториска опрема дома.
Откривањето на топчињата на брегот на Нова Гвинеја доаѓа во време кога американскиот Конгрес сѐ почесто расправа за НЛО.
На пример, оваа недела, сенаторот Марко Рубио откри дека слушнал од високи функционери дека САД спроведуваат неколку нелегални собирања на соборени остатоци од НЛО.