АКО РУСИЈА УПОТРЕБИ ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ, ТОА ЌЕ БИДЕ ЗЛОСТОРСТВО Следните денови ќе донесат поголеми неволји

Столтенберг вели дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, но предупреди дека следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

774

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство.

Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.






– Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно Русија да планира операции со хемиско оружје под превезот на овие измислици и лаги. Тоа би било воено злосторство – рече Столтенберг.

Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, но дека следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

Поврзани содржини