АКО РУСИЈА НАПАДНЕ, ОДГОВОРОТ ЌЕ БИДЕ РАЗОРЕН Шефот на НАТО упати жестока опомена до Путин
Според Марк Руте, Русија произведува дури четирипати повеќе муниција од сите земји-членки на НАТО заедно – податок што ги активира сите аларми во седиштето на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, испрати остро предупредување до Русија, укажувајќи дека Алијансата е подготвена за жесток одговор во случај на напад.
– Доколку Путин се осмели да нападне, сега или во блиска иднина, одговорот ќе биде разорен – порача Руте одговарајќи на новинарско прашање за руското воено распоредување на финската граница.
Според него, Русија произведува дури четирипати повеќе муниција од сите земји-членки на НАТО заедно – податок што ги активира сите аларми во седиштето на Алијансата.
– Отворените извори укажуваат дека Русите можеби ќе се обидат да направат нешто глупаво. Нашата задача е да бидеме подготвени да ги спречиме – истакна Руте.
Тој беше дециден дека за НАТО нема враќање назад и дека безбедноста на Европа зависи од силата на одвратувањето.
„Мора да се осигураме дека откако ќе заврши војната во Украина, Путин нема повторно да се дрзне да направи слична грешка,“ додаде Руте.
Во пресрет на јулскиот Самит на НАТО во Хаг, Руте повика на зголемени одбранбени трошоци и итна модернизација на воените капацитети.
„Ова е клучна задача. Заедничката одбрана мора да биде наш врвен приоритет,“ порача тој.