„АКО ПУТИН ОДОЛГОВЛЕКУВА, ЌЕ ОДГОВОРИМЕ“ Трамп вели дека за една недела ќе дознае дали Русија сака мир
Ќе откриеме дали (Путин) одолговлекува или не, а ако е така, ќе одговориме малку поинаку, изјави американскиот претседател пред новинарите во Овалната соба.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „можеби намерно ги одложува преговорите за прекин на огнот во војната во Украина“ и го изрази своето разочарување поради засиленото руско бомбардирање.
– Ќе откриеме дали одолговлекува или не, а ако е така, ќе одговориме малку поинаку – изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.
Тој истакна дека не може да каже дали Путин сака да ја заврши војната и дека ќе му треба околу една недела за да дознае.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и ќе му го презентира на Киев на директните разговори во Истанбул следниот понеделник, 2 јуни.
Владимир Медински, шефот на руската делегација на мировните преговори за Украина, исто така, во средата, 28 мај, изјави дека испратил предлози до Украина со датум и место за размена на меморандуми, односно услови, за запирање на борбите, јави Ројтерс.