АКО ПОЛЕТА ПРОЕКТИЛ КОН АМЕРИКА, ОВИЕ ЛУЃЕ ЌЕ ГО СОБОРАТ Џеј Ди Венс упати порака од базата во Гренланд
Драги мои Американци, доколку ракета беше лансирана од непријателска територија или подморница кон Соединетите Американски Држави, овие луѓе пред нас (во американската база Питуфик) ќе ни го пријават тоа. Тие дури би дале сè од себе да го соборат тој проектил. Народна Република Кина и Руската Федерација сè повеќе се заинтересирани за Арктичкиот премин. Соединетите држави мора да имаат предност на Арктикот, изјави потпретседателот на САД велејќи дека Данска не направила доволно за луѓето на Гренланд.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс им се обрати на медиумите откако се сретна со војниците во американската воена база Питуфик на Гренланд. Уште на почетокот на својот говор тој „удри“ по Данска.
– Драги мои Американци, доколку ракета беше лансирана од непријателска територија или подморница кон Соединетите Американски Држави, овие луѓе пред нас (во американската база Питуфик) ќе ни го пријават тоа. Тие дури би дале сè од себе да го соборат тој проектил. Народна Република Кина и Руската Федерација сè повеќе се заинтересирани за Арктичкиот премин. Соединетите држави мора да имаат предност на Арктикот. Знаеме дека нашите европски сојузници не се во чекор со вооружувањето. Данска е една од нив, тие не одвоија доволно ресурси за да ја чуваат оваа база, да ги чуваат нашите војници и да го заштитат народот на Гренланд од агресивните планови на Русија, Кина и од другите земји. Нашата порака до Данска е јасна: Вие не направивте добра работа за народот на Гренланд во изминатите 20 години. Не сте вложиле доволно пари во жителите на Гренланд. Исто така, не сте вложиле доволно пари во одбраната на оваа прекрасна земја составена од големи луѓе. Тоа мора да се промени, и бидејќи ништо не се променило на подобро досега, претседателот Трамп ја спроведува политиката за Гренланд што ја знаете. Нашиот аргумент за купување на Гренланд е насочен кон Данска, а не кон Гренланд. Претседателот Трамп беше многу јасен. Тој не мисли дека ќе биде потребно воено присуство, но верува дека народот на Гренланд ќе избере независност како дел од својата безбедност и одбрана. Не само за САД, туку и за остатокот од светот. Гренланд е многу ранлив во моментов, се надеваме дека ќе станеме блиски партнери. Ова мора да се случи, можеме да им обезбедиме голема сигурност – објасни тој.
Жителите на Гренланд се многу загрижени поради претходната најава на американскиот претседател Доналд Трамп дека планира да го „купи“ Гренланд. Гренландскиот премиер Муте Егеде ја окарактеризира посетата на потпретседалот на САД Ди Венс како „провокација“ и како „демонстрација на моќ“.
incredible — JD Vance rails against Denmark from Greenland — “Our message to Denmark is very simple: You have not done a good job by the people in Greenland.” pic.twitter.com/h6iJzmqnop
— Aaron Rupar (@atrupar) March 28, 2025