АКО ПРОДОЛЖИТЕ, ЌЕ ЈА ЗАТВОРИМЕ НУКЛЕАРКАТА Според Русите, украинските сили веќе ги оштетиле системите за поддршка
Обрнуваме внимание на фактот дека руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на станицата ниту во околните области. Таму има само безбедносни единици, посочи портпаролот на руската команда.
По најавите на портпаролот на руското Министерство за одбрана дека утре Украинците планираат провокација во нуклеарната централа Запорожје, претставник од Министерството изјави дека централата може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирањето.
Според Игор Кирилов, шефот за заштита од радиоактивни, хемиски и биолошки напади, Украинците веќе ги оштетиле системите за поддршка на нуклеарната централа. Во случај на нуклеарна несреќа, вели тој, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка, објави Ројтерс.
– Обрнуваме внимание на фактот дека руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на станицата ниту во околните области. Таму има само безбедносни единици – посочи портпаролот на руската команда.
Од Киев, пак, демантираат дека украинските сили се тие што гранатираат.