Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека граѓаните кои сакаат да пријават кривично дело тоа треба да го сторат на бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица и за тоа не им е потребна посебна дозвола.
Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица. Истото важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривично дело им е потребна помош во здравствена установа, значи за тоа не е потребна посебна дозвола.
Институциите функционираат без исклучоци за заштита на граѓаните и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.