АКО ПРЕМИЕРОТ НЕ ЗНАЕЛ ЗА КРИМИНАЛОТ НА МЕРКО, ТОГАШ ДАЛИ ЗНАЕ КОЈ ЈА КУПИЛ „СОРАВИЈА“? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да реагираат

Институциите знаат за криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ и наместо да молчат и да го прикриваат, мора веднаш да реагираат, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

1,421

Премиерот Димитар Ковачевски лаже дека не знаел за криминалот и за вмешаноста на Рамиз Мерко во судските процеси, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ е во коалиција со ДУИ и сите одлуки и криминал го прават заедно. Не можел Мерко сам без поддршка од Ахмети и Ковачевски да влијае на судските процеси, да злоупотребува и да вршел значителна корупција како што нотираат од Стејт Департментот. Ковачевски не знаел за Рамиз Мерко, а знае ли Ковачевски за бизнис центарот Соравија кој го купил внукот на Али Ахмети и за братот на Артан Груби и дуќанот на улица Македонија? За овој скандал мора да одговараат сите лица кои се директно и индиректно инволвирани. Институциите знаат за криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ и наместо да молчат и да го прикриваат, мора веднаш да реагираат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини