АКО ПО РАЗВОДОТ ГИ ДОБИЕТЕ ДЕЦАТА, ВИЕ СТЕ ПОБЕДНИК, А ТИЕ ГУБИТНИЦИ Мислите дека е добро да си го мразите родителот?
Родителите кои одат на суд со идеја дека победникот носи сè, дури и кога станува збор за старателството над децата, за жал, не ги гледаат штетните последици од злоупотребата на моќта.
Разводот е трауматично искуство и за родителите и за децата. Ако двајцата родители наместо да им даваат поддршка и безбедно засолниште на своите деца, продолжат да водат „војна“ преку нивниот грб, последиците за децата може да бидат повеќе од страшни.
За време на разводот, многу родители манипулираат со своите деца, обидувајќи се преку нив да го решат она што не успеале да го решат со нивниот поранешен партнер. Не правете го тоа, предупредуваат експертите. Претворајќи ги децата во несвесни сојузници во кампањата – ‘фрлање со камења’ по поранешниот партнер, вие негативно влијаете на односот на детето со другиот родител, што често резултира во целосно оттуѓување на детето од едниот родител.
Не е невообичаено ваквите деца да изјават дека мразат еден родител, негирајќи ги сите позитивни искуства со него.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.