Ако патувате проверете: Еве колку чинат ковид тестовите за туристи во цела Европа

Тестовите за коронавирусот за туристите се бесплатни само во неколку земји во Европа, според податоците на Европскиот потрошувачки центар (ECC).

1,011

Туристите кои патуваат во Европа мора да приложат потврда дека се вакцинирани, дека оздравеле од ковид-19 или да приложат тест за коронавирусот, кој во зависност од земјата во која патуваат можат да бидат бесплатни или да чинат дури неколку стотина евра.

Тестовите на коронавирусот за туристите се бесплатни само во неколку земји во Европа, според податоците на Европскиот потрошувачки центар (ECC).






Освен дека антигенскиот тест може да чини и повеќе од 100 евра по лице, цените се разликуваат од земја до земја или пак, постојано се менуваат па на патниците им се препорачува двапати да проверат пред да тргнат на патување.

Белгија – Туристите за редовен ПЦР тест плаќаат најмногу 55 евра, а до 120 евра ако сакаат брз наод. Цената на антигенскиот тест е околу 120 евра. Но тие тестови вообичаено се поевтини и чинат 55 евра на бриселскиот аеродром.

Бугарија – Туристите за тестирање просечно плаќаат помеѓу 50 и 60 евра.

Данска – Патниците можат бесплатно да се тестираат на коронавирусот.

Финска – На аеродромот во Хелсинки брз антигенски тест чини 179 евра. За две до четири лица во група се плаќа 149 евра по лице, за петмина и повеќе цената е 135 евра по лице. Редовниот ПЦР тест чини 265 евра на аеродром, а брзиот тест е 300 евра. Во близина на аеродромот приватници на туристите им нудат тестови за надомест, но и во тој случај тестовите не се поевтини.

Франција – Туристите плаќаат 43.89 евра за ПЦР тест, а 25 евра за антигенски тест.

Грција – Цената на антигенските тестови се движи меѓу 15 и 40 евра, а ПЦР тестовите помеѓу 40 и 70 евра.

Ирска – Центарот за тестирање на аеродромот во Даблин нуди антигенски тестови за 49 евра и ПЦР тестови за 95 евра.

Исланд – Тестирањето е бесплатно при доаѓање, но за заминување од земјата тестирањето се наплаќа околу 96 евра.

Италија – Цените се разликуваат по региони. Антигенскиот тест чини меѓу 20 и 50 евра, а ПЦР тестот помеѓу 50 и 120 евра.

Латвија – На аеродромот во Рига ПЦР тестот се наплатува од 25 до 37 евра, во зависност од видот на тестот. Антигенските тестови чинат 24 евра. Цените во центрите за тестирање надвор од аеродромот се движат од 35 до 80 евра.

Литванија – ПЦР тестовите чинат 75 евра, а антигенските 35 евра.

Луксембург – Патниците на еародром плаќаат 79 евра за антигенски тест, а 119 евра за ПЦР тест. Експресниот ПЦР тест се наплатува 169 евра.

Малта – Антигенските тестови достапни се на меѓународниот аеродром по цена од 35 до 40 евра. Потребно е да се закаже тестирање.

Холандија – Туристите во моментов можат бесплатно да се тестираат.

Хрватска – ПЦР тестот се наплатува 65 евра, а антигенскиот 20 евра.

Норвешка – Тие кои ќе допатуваат преку авиопревозници може бесплатно да се тестираат. Во спротивно, мора да платат тестирање, но не е наведена цената.

Австрија – Антигенските тестови во аптеките не ги наплатуваат на туристите. ПЦР тестовите на доброволна основа се плаќаат. На виенскиот аеродром таков тест чини 69 евра, а антигенскиот е 25 евра.

Полска – На аеродромот во Варшава ПЦР тестот се наплатува околу 53 евра, Цените се поевтини надвор од аеродромот.

Португалија – Цените се разликуваат во зависност од лабораториите и клиниките. Просечната цена на антигенските тестови е 25 евра до 40 евра и од 100 до 120 евра за ПЦР тест.

Романија – ПЦР тесртот се наплатува од 38 до 50 евра, антигенскиот тест од 10 до 15 евра. Тестовите се поскапи на аеродром.

Шведска – Антигенските тестови достапни се во аптеките, но нема цена. Шведските клиники нудат ПЦР тестови онлајн по цена од 48 до 166 евра.

Словачка – Антигенските тестови чинат околу 15 евра, а ПЦР тестовите од 50 до 80 евра.

Словенија – Цените на тестовите варираат.

Шпанија – Антигенските тестови просечно се наплатуваат помалку од 50 евра, а ПЦР тестовите помалку од 100 евра.

Чешка – Министерството за здравство одредило максимални цени за тестовите. Антигенските чинат 7.81 евро, а ПЦР тестовите 23.99 евра.

Унгарија – Највисоката пропишана цена за ПЦР тест е околу 55 евра. Антигенскиот тест се нуди за 25 до 41 евро.

Кипар – ПЦР тестовите во лабораториите на министерството за здравство не смеат да се наплатуваат повеќе од 50 евра, а антигенските тестови повеќе од 20 евра.

Поврзани содржини