АКО ПАДНЕ УКРАИНА, СЛЕДНА НА РЕД Е СЛОВАЧКА Словачкиот премиер ја предупреди светската јавност
Словачкиот премиер Едуард Хегер се обрати пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос.
Словачкиот премиер Едуард Хегер испрати предупредување за иднината на неговата земја, во случај Русија да ја победи Украина.
– Ако падне Украина, следна на ред ќе биде Словачка – изјави премиерот.
Хегер ова го изјави за време на излагањето на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Претходно, преку видео бим во Давос се обрати и украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој потврди дека ситуацијата на украинската војска во Донбас е неиздржлива, барајќи оружје и друг вид на поддршка од сојузниците.