„АКО НОСИТЕ ДРОГА ШТО УБИВА АМЕРИКАНЦИ, ЌЕ ВЕ ЛОВИМЕ“ Американската војска повторно нападна брод од Венецуела

Овие екстремно насилни картели за трговија со дрога се закана за националната безбедност на САД, надворешната политика и за виталните интереси на САД, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

145

Американската војска повторно нападна брод што транспортира дрога од Венецуела, при што загинаа три лица на бродот, соопшти синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нападот се случил додека овие потврдени наркотерористи од Венецуела биле во меѓународни води транспортирајќи нелегални дроги (смртоносно оружје што ги труе Американците!) кон САД“, напиша Трамп на својот Твитер профил, додавајќи: „Овие екстремно насилни картели за трговија со дрога се закана за националната безбедност на САД, надворешната политика и за виталните интереси на САД“.






Ако носите дрога што убива Американци, ќе ве ловиме, додаде Трамп.

„Овие активности со декади убиваа милиони Американци. Нема повеќе“, напиша Трамп.

Трамп вели дека нападот е извршен вчера. Сличен беше извршен пред две недели, при што загинаа 11 лица.

Фото: Принтскрин

САД го оправдаа претходниот напад како неопходна ескалација, со цел да се запре протокот на дрога во САД.

Сепак, неколку американски сенатори, и демократи и некои републиканци, изразија незадоволство од образложението на администрацијата и ја доведоа во прашање легалноста на акцијата. Тие го гледаат тоа како пречекорување на извршната власт, делумно поради употребата на војската за цели на спроведување на законот.

 

Поврзани содржини