АКО НИЕ ЈА ТРПИМЕ ГРЕТА ТУНБЕРГ, ВИЕ ЌЕ ГО ТРПИТЕ ИЛОН МАСК Десната рака на Трамп загрме во Минхен
Има нов шериф во градот. Можеби САД не се согласуваат со ставовите на Германија, но ние ќе се бориме за вашето право да ги понудите, рече американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп.
Aко американската демократија може да преживее 10 години кога климатската активистка Грета Тунберг ја „кара“, Европа може да „преживее неколку месеци“ критики од Илон Маск, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција, завршувајќи го својот горвор.
Ди Венс ја нагласи важноста на прашањето за миграцијата, велејќи дека Европа влегува во криза што самата ја создава.
– Ако се плашите од сопствениот народ, Америка ништо нема што да направи за вас. Не можете да освоите демократски мандат со цензурирање на вашите противници или ставајќи ги во затвор.
Венс потоа вели дека дошол на конференцијата со понуда.
– Има нов шериф во градот. Можеби САД не се согласуваат со ставовите на Германија, но ние ќе се бориме за вашето право да ги понудите – рече тој, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп.
Венс очекува во наредните денови на конференцијата да се разговара за буџетите за одбраната на земјите членки на НАТО. Тој им кажа на присутните дека САД веруваат дека европските земји мора да играат „поголема улога“ во иднината на континентот.
Тој вели дека станува сè помалку јасно од што се брани Европа.
– Која е позитивната визија што го анимира овој безбедносен договор? Длабоко верувам дека нема сигурност ако се плашите од гласовите и мислењата кои го водат сопствениот народ.