АКО НЕШТО НЕ СЕ СМЕНИ, ЌЕ ОТКРИЈАМ СЀ! Кадиров вели дека Кремљ направил грешка кај Харков

Доколку нема промени во стратегијата денеска или утре, ќе бидам принуден да разговарам со Министерството за одбрана и со раководството на земјата за да им ја објаснам реалната состојба на теренот. Тие направија грешки и мислам дека ќе мора да ги донесат потребните заклучоци, рече Кадиров во порака на својот канал на Телеграм.

6,867

Руската војска направила грешки кај Харков и нешто треба брзо да се смени. Вака вели Рамзан Кадиров, сојузникот на Путин и лидер на чеченците во видеопорака, јавува Мондо. Тој го критикуваше Кремљ за загубите кои ги имаше руската војска на североисток, додека Украинците напредуваат и се фалат дека вратиле над 2.000 квадратни километри територија.

– Тие (Русите) направија грешки и мислам дека ќе мора да ги донесат потребните заклучоци – рече Кадиров на својот канал на Телеграм и додаде:






– Доколку нема промени во стратегијата денеска или утре, ќе бидам принуден да разговарам со раководството на Министерството за одбрана и со раководството на земјата за да им ја објаснам реалната состојба на теренот. Тоа е многу интересна ситуација. Би рекол дека е зачудувачки –  рече Кадиров, пренесува „Гардијан“.

Поврзани содржини