„АКО НЕМА ПРОМЕНИ ДО НОВА ГОДИНА, ЌЕ ПРЕЗЕМЕМЕ ЧЕКОРИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО“ Нека си одат судиите кои мислат дека имаат ниски плати, порачува ВМРО-ДПМНЕ

Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал на разни политичко мафијашки групации во земјава, ние ќе објавиме и тргнеме во одлучна акција и чекори кои тоа ќе го променат од корен, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

261

Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од опозициската СДСМ се дека владата е виновна за состојбата во судството и на реакцијата на судиите кои на премиерот му се пожалија дека им се ниски месечните примања.

„Со судството и обвинителството во Македонија раководи кланот Заеви и кланот Ахмети. Тие се директните виновници кои држат судии и обвинители затоа што се уплашени поради криминалот кој го имаат направено. Затоа секој случај кој ќе почне завршува со неуспех. Затоа секоја пријава на МВР или докази или допрен глас и укажување од Владата или јавноста за криминал на луѓе од СДС и ДУИ завршуваат без епилог, во нечија фиока или затворени се како случаи.






Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал на разни политичко мафијашки групации во земјава, ние ќе објавиме и тргнеме во одлучна акција и чекори кои тоа ќе го променат од корен“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Претходно, во соопштение ВМРО-ДПМНЕ им порача на судиите и на обвинителите дека ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити, тогаш, како што се вели во пораката, нека си одат веднаш.

ВМРО-ДПМНЕ порачува:

„Ја видовме реакцијата на судиите и обвинителите. Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати. Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”.

Чест на исклучоците во таа професија кои сè уште се повеќе од расипаните зрна во амбарот, но овие реакции од денес се запрепастувачки и крајно загрижувачки и ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити и криминалци и корумпирани политичари и мафијаши тогаш имаме еден предлог до нив.

Нека си одат веднаш. На нивно место ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да воведат ред, дури и за плати од 1500 до 2000 евра какви што примаат судиите денес. Вакво понижувачко, нелогично и промашено соопштение, дури ни СДСМ не може да смисли.

Секако повторуваме чест на многуте исклучоци во таа професија кои се срамат од своите колеги и кои си ја сакаат државата“.

Поврзани содржини