АКО НЕМА ПАРИ ПРВО ДА СЕ ТЕСТИРААТ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ Д-р Петличковски за скринингот во училиштата
Според него, со скринингот во училиштата ќе се добие јасна слика за асимптоматските случаи и реална слика за ширењето на вирусот.
Би било добро да се тестираат сите деца во училиштата, но ако се нема доволно средства, тогаш и некакво тестирање е подобро отколку да нема воопшто, вели директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во дневникот на ТВ Сител.
– Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вон-училишни активности. Друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. 8.000 од 240 илјади ученици е мала бројка, но сепак ќе бидиме некаков увид и основа – вели Петличковски, додавајќи дека добро е да се вакцинираат и помладите.
Според него, со скринингот во училиштата ќе се добие јасна слика за асимптоматските случаи и реална слика за ширењето на вирусот.