АКО НЕМА НАФТА ПРЕКУ „ДРУЖБА“ ЌЕ НЕМА НИ ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА УКРАИНА Орбан повторно го предупреди Зеленски
Орбан ја обвини Украина дека ја користи блокадата на нафтата, за да влијае на домашната политичка ситуација во Унгарија во корист на опозициската партија Тиса.
Ако украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да биде финансиран од Брисел, Украина мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“, рече денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
– Ако нема нафта, нема пари – нагласи Орбан во видео објавено на Фејсбук.
Тој наведе дека денеска разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и со премиерот на Словачка, Роберт Фицо за украинската блокада на испораките на нафта.
Орбан истакна дека ставот на Унгарија останува непроменет.
– Ако Зеленски сака да добие пари од Брисел, мора да ја обнови работата на нафтоводот „Дружба“ – истакна Орбан.
Тој, исто така, ја обвини Украина дека ја користи блокадата на нафтата, за да влијае на домашната политичка ситуација во Унгарија во корист на опозициската партија Тиса.