АКО НЕКОЈ ВЛЕГУВА ПРЕКУ РЕД КАЈ ЛЕКАР – ПРИЈАВЕТЕ ГО НА САЈТОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО Сега може да се пожалите за секоја неправилност во амбулантите и во болниците

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека на крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку неправилности биле пријавени од страна на граѓаните.

3,227

Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите.

Анонимно е, но граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или е-адреса, за да можат надлежните да ги контактираат доколку имаат некои прашања.






На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника или, пак, некоја нерегуларност, а може да се приложат и фотографии и документи како докази.

На крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку неправилности биле пријавени од страна на граѓаните.

На брифингот беше кажано и дека се работи на менување на одредени закони.

Поврзани содржини