АКО НЕКОЈ РЕШИЛ ДА ПРАВИ ЦИРКУЗАНТ ОД СЕБЕ, ОСТАВЕТЕ ГО Мицкоски за провокацијата упатена кон министерката Јаневска во Тетово

Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани, рече Мицкоски.

1,399

Прашан за коментар за вчерашната посета на Тетово, каде на министерката за образование и наука Весна Јаневска од новинар ѝ беше поставено прашање дали има со себе преведувач и оти претходно ѝ било укажано кога ќе оди во Тетово дека треба да има преведувач со неа, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека некои луѓе не заслужуваат коментар.

– Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Подобро да премолчите отколку влезете во таа естрада – изјави Мицкоски.






🎥 „ТИ РЕКОВМЕ ДА СИ ЗЕМЕШ ПРЕВЕДУВАЧ КОГА ДОАЃАШ ВО ТЕТОВО“ Новинар со националистичка провокација кон министерката за образование

Поврзани содржини