АКО НЕКОЈ ПОБАРА ПИЦА, ЦУК И ЗА ТОА ЌЕ СЕ ПОГРИЖИ! Стојанче Ангелов две години е директор, ама уште крши керамиди со глава (ВИДЕО)
„Моите хоби не престанаа со моето именување, но акцентот во наредниот период го ставив на безбедноста на граѓаните“, раскажа Стојанче Ангелов, на двегодишниот јубилеј од стапувањето на функција.
„Моето хоби, кршење ќерамиди со глава, не престана со моето именување, но заедно со заменикот, акцентот го ставив врз безбедноста на граѓаните. Моето искуство од 17 години работење во МВР, вклучително и во единицата Тигар, моето воено искуство од 2001 година, моето искуство од Ирак и обезбедување на бродови, ги ставив во функција на оваа институција – Центар за управување со кризи“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, на денешната прес-конференција, со која тој одбележа две години од неговото именување на оваа функција.
Ангелов евоцираше спомени за тоа како поранешниот премиер Заев му понудил да биде на чело на оваа институција:
– Неколку дена се мислев, бидејќи не ја познавав доволно добро оваа институција и не се чувствува доволно подготвен да влезам во полето на кризниот менаџмент, но неколку дена подоцна ја прифатив неговата понуда и застанав на чело на центарот за управување со кризи
Во тој момент, Ангелов излегол во јавноста со еден твит, којшто стана вирален: „Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди од глава, отсега натаму сум директор на ЦУК, но и раководител на ГШ за управување со кризи, раководите на групата за процена, како и член на управувачкиот комитет за кризи“.
– Моите хоби не престанаа со моето именување, но акцентот во наредниот период го ставива на безбедноста на граѓаните – раскажа Стојанче Ангелов.
Тој рече дека понекогаш работите ги водел на негов начин, неговите настапи биле контроверзни во јавноста, како одењето по јаже над кањон длабок 30 метри, одредени негови активности предизвикувале симпатични шеги, а некојпат несолени шеги и фаќање сеир. Таков бил примерот со големата дупка на мостот во Драчево. На овој начин, рече Ангелов, ЦУК стана препознатлив во јавноста.
Тој посочи дека во центарот 112 за управување со кризи се вработени 55 лица. Секторот, како што рече, работи одлично, иако не беспрекорно, но без посериозни пропусти во овој период. Тој од февруари до сега е далеку подобро надграден, иако не идеален, зашто, како што рече, „идеално нема“.
Дневно во овој центар се примаат во просек по околу 15.000 повици, од кои за жал 80 проценти се лажни, некои се злонамерни, помал дел, а други се ненамерни, погрешни .
– Луѓе по грешка вртат на 112, барајќи услуга која ние не можеме да ја обезбедиме. Но нашите оператори од 112 им помагаат на граѓаните дури и кога не сме надлежни. Ако некој побара добра пица, а ако вработениот знае каде има добра пица, имаат задача да му кажe на граѓанинот. Значи, секогаш кога можеме да им помогнеме на гра]аните на некој начин, ние тоа ќе го направиме – рече Ангелов.
На овој начин, рече Ангелов ги растоваруваме центрите на полицијата, итната медицинска помош и противпожарната заштита, бидејќи, ако не е 112, сите овие лажни или погрешни повици што ние ги ловиме, ќе одат кај нив.
Инаку, ова е незаборавното видео кога Стојанче Ангелов на сцена крши керамида со глава: