АКО НЕ ЗНАЕТЕ ДАЛИ НАМИРНИЦИТЕ СО ИСТЕЧЕН РОК СЀ УШТЕ СЕ ЈАДЛИВИ… Не го гледајте рокот, туку храната
Храната во вашиот фрижидер изгледа добро и мириса нормално, но рокот на траење ѝ е истечен. Дали ќе ја фрлите во канта?
Повеќето луѓе ја фрлаат храната на која пишува дека ѝ е истечен рокот на траење, дури и ако таа изгледа добро и мириса нормално. Тој синдром има дури и име: да се употреби пред паранојата. Етикетите можат да ги доведат во заблуда потрошувачите, што резултира со фрлање на 8 милиони тони совршено добра храна само во Англија, што е околу 800 евра по домаќинство годишно.
Датумот кој е означен како „да се употреби до“ го означува времето до кое се гарантира дека храната е со врвен квалитет. Може да се означи и само во формат од месец и година. После тоа, храната може да се користи уште некое време, без никакви здравствени последици.
Примарна работа е едноставно да ја погледнете и да ја мириснете храната, за да се избегне ризикот од труење.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.