АКО НЕ СЕ ПРОМЕНИ ДУП-ОТ, ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ Герасимовски го најави расчистувањето на „Треска“

Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.

160

По пет месеци откако пожар ги зафати дел од објектите од поранешната фабрика „Треска“, првиот човек на Општина Центар, Горан Герасимовски најави расчистување на теренот кој претставува опасност за здравјето на граѓаните, исто така претставува и нелегална депонија во срцето на Градот.

– Како што можете да погледнете пожарот остави запалени и рyинирани објекти кои наликуваат на оние во Чернобил, а тоа беше уште еден аларм дека земјиштето мора итно да се расчисти. На територијата на „Треска“ има околу 40.000 м2 азбестен покрив кој исто така беше зафатен од пожарот, а кој мора час поскоро да биде исчистен и отстранет – рече градоначалникот Герасимовски.






Тој истакна дека Општина Центар ги почитува одлуките на Обвинителството кое постапуваше за утврдување на причините за настанатиот пожар и поради тоа сите постапки за расчистување на просторот биле во застој се до почетокот на месец август.

– Веднаш што од Обвинителството добивме дозвола да активности на терен беше започнат процес и законски процедури за расчистување на објектите на напуштената фабрика. До овој момент до Општината се пристигнати се 36 барања за расчистување на објекти, а од кои досега се одобрени 13 – изјави Герасимовски.

Градоначалникот на прес-конференцијата рече дека расчистувањето на објектите започнува денеска и ќе се одвива плански во неколку фази.

– Отстранувањето и чистењето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои имаат доставено барање за чистење и начинот на кој ќе го извршат истото. Тие исто така имаат ангажирано приватна компанија која ќе врши надзор за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето, настанати пред и по пожарот – вели првиот човек на Центар.

Според планот, најпрво ќе се отстранува азбестниот покрив, потоа следи рушење на дотраените објекти, а на крај ќе се собере кабастиот отпад. Откако се ќе биде завршено на расчистениот простор ќе биде извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација затоа што во комплексот врие од глувци, змии и други штетници кои се исто така извор на зарази.

Градоначалникот истакна дека собраниот отпаден материјал ќе биде доставен во „Дрисла“ и кој ќе биде соодветно уништен, а расчистувањето на просторот се очекува да биде завршено за неколку недели.

– Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.

Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација.

– Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за дооформување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски.

Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи.

Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени.

Во однос на тоа дали до општината е пристигнато ново барање за втората зграда кај „Холидеј ин“, градоначалникот рече дека е поднесено второ барање и оти висината е намалена на 11 ката и поткровје. Документите, како што рече, се поднесени и отпочната е процедура за издавање дозвола.

Поврзани содржини