АКО НЕ СЕ ИЗГЛАСА ВО СЕПТЕМВРИ Недела неработен ден во ноември или декември

Ако тој се донесе денеска од следната недела буквално или преку таа, стапува на сила после 8 дена од донесувањето, многу работници конечно во недела ќе бидат со своите деца и со семејствата, вели премиерот Заев.

408

Доколку Законот за недела неработен ден се донесе денеска од наредната недела или преку таа тој ќе стапи на сила, вели премиерот Зоран Заев.

– Не гледам лошо да се донесе Законот за недела неработен ден. Го чекаат работниците во државава. Искоординирано е компаниите и коморите зошто да го блокираме? Ако тој се донесе денеска од следната недела буквално или преку таа, стапува на сила после 8 дена од донесувањето, многу работници конечно во недела ќе бидат со своите деца и со семејствата – вели премиерот Заев.






Тој додава дека доколку законот не се донесе сега ќе се донесе подоцна.

– Тој ќе се донесе веројатно ноември, декември ако биде сега блокиран во септември, но ако се донесе час поскоро работниците ќе можат да го уживаат своето слободно време со децата. Важно е семејството многу, а притоа неделата знае да наполни батерии за понеделникот и за работа итн – вели Заев.

Поврзани содржини