АКО НЕ САКАШ ВО УКРАИНА, ТОГАШ ОДИШ ВО ЗАТВОР Лукашенко им пресуди на опозиционерите

Една деценија и една година затвор доби Марија Колесникова, висок член на опозицискиот Координациски совет, која е прогласена за виновна поради обид за освојување на власта, за создавање екстремистичка организација и за повикување на акција со која се нарушила државната безбедност.

980

Судот во Белорусија денеска ги осуди водечките опозициски активисти на 10, односно на 11 години затвор. Една деценија и една година затвор доби Марија Колесникова, висок член на опозицискиот Координациски совет, која е прогласена за виновна поради обид за освојување на власта, за создавање екстремистичка организација и за повикување на акција со која се нарушила државната безбедност.

Затворска казна во времетраење од една деценија дби и Максим Знак, лидер на Координацискиот совет, кој по занимање е адвокат, а е обвинет со истите обвиненија како и Колесникова.






Марија Колесникова помагала во координацијата на опозициските протести против Александар Лукашенко во август 2020 година, но тогаш таа не сакала да ја напушти државата, иако властите ја присилувале. Локалните белоруски медиуми објавија дека тајни агенти наводно ја довеле до границата со Украина минатиот септември за да ја исфрлат од земјата, но таа го искинала својот пасош и се вратила во Белорусија, каде што била уапсена.

Поврзани содржини