АКО НЕ МОЖЕТЕ ВИЕ ВО ИТАЛИЈА, ТАА ЌЕ ДОЈДЕ ТУКА Денови на италијанска кујна во Скопје

Од 10.ноември во Ист Гејт мол до 13.ноември на градскиот плоштад во Скопје, се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредностите како заедништво, одржливост и иновативност.

151

Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 10 ноември (четврток),  со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA во EAST GATE MALL, каде гостува тимот готвачи од Салерно, Џовани Писапиа и Кармела Санторо.

Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на готвачите – вистинско гастрономско патување во Салерно, мало гратче на југот на Италија.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини