АКО НЕ МОЖЕ ТРАМП, НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДРУГ Виткоф очекува успешен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин

Верувам дека претседателот Трамп ќе има успешен разговор со Владимир Путин. Тие се познаваат. Претседателот е решен да направи нешто …Ако тој не може, тогаш никој не може, истакна главниот преговарач на американскиот претседател во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

223

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи на ставање крај на руската војна во Украина, денеска изјави дека очекува претседателот на САД Доналд Трамп утре да има „успешен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изрази уверување дека разговорот значително ќе придонесе за „утврдување каде се наоѓаме и како да ги завршиме овие преговори“.






– Верувам дека претседателот Трамп ќе има успешен разговор со Владимир Путин. Тие се познаваат. Претседателот е решен да направи нешто …Ако тој не може, тогаш никој не може – истакна Виткоф во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

На прашањето дали се согласува со изјавата на потпретседателот на САД Џеј Ди Венс дека руските барања се претерани, Виткоф рече дека неговата „проценка е оти ова е многу комплициран конфликт што не требаше да се случи“.

Поврзани содржини