АКО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ГРАНТ Компаниите треба да вратат дел од поддршката дадена од Владата

Обврските, како што наведуваат од Владата, треба да бидат подмирени најдоцна до рокот за поднесување на заврнатата сметка за 2021 година.

381

Компаниите кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет мерки, а не го исполниле условот за претворање на поддршката во грант, треба да вратат 20 отсто од добиената поддршка доколку го задржале истиот број на вработени или 50 отсто од поддршката, ако имаат намалување на бројот на вработени.

Обврските, како што наведуваат од Владата, треба да бидат подмирени најдоцна до рокот за поднесување на заврнатата сметка за 2021 година.






– Сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20 проценти од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50 проценти од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени – велат од владата.

Шестиот пакет мерки на владата тежеше 17,8 милиони евра со кои требаше да се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени.

Поврзани содржини