АКО НЕ ИГРАТЕ НАЈДОБРО, НЕМАТЕ ШАНСА СО НИВ! Зверев надигран од Синер, се жали и од Алкараз

Ако не играте најдобро што можете, едноставно ќе продолжите да губите од Карлос (Алкараз) и Јаник (Синер). Без најдобро издание немате шанса да ги победите, изјави германскиот ас кој завршува уште еден Мастерс турнир во полуфиналето.

112

Германскиот тенисер Александер Зверев завршува уште еден Мастерс турнир во полуфиналето. Тој вчера во мечот за пласман во финалето беше надигран од Јаник Синер и загуби со 2:0 и притоа освои пет гема, притоа тоа беше осми последователен пораз од Синер.

– Ако не играте најдобро што можете, едноставно ќе продолжите да губите од Карлос (Алкараз) и Јаник (Синер). Без најдобро издание немате шанса да ги победите – изјави Зверев.






Германецот истакна дека во Мајами бил блиску до победа над Синер, но дека во Монте Карло тоа не било случај.

Финалето на Мастерсот во Монте Карло меѓу Алкараз и Синер почнува во 15 часот.

Поврзани содржини