Ако не ги чувствувате овие мириси, тогаш време е за тестирање

Едно истражување покажало дека повеќе од 87 отсто од пациентите кај кои е потврдено присуството на болеста имаат симптом на губење на чувството за мирис и за вкус.

4,455

Освен покачената телесна температура, тешкотиите во дишењето и сувата кашлица, еден од првите симптоми на коронавирусот е и губењето на чувството за мирис и за вкус.

Ако се сомневате дека сте се заразиле со ковид-19, тогаш постои многу лесен начин да проверите, и барем малку да се успокоите.






Едно истражување покажало дека повеќе од 87 отсто од пациентите кај кои е потврдено присуството на болеста имаат симптом на губење на чувството за мирис и за вкус.

Овој симптом медицински се нарекува аносмија, а токму тој може да послужи како индикатор за дијагностицирање на болеста.

Во истражувањето спроведено во Индија, избрани биле неколку мириси кои многу често се користат во домаќинствата, а откриено било дека луѓето позитивни на ковид-19 потешко го чувствуваат мирисот на нане и на кокосово млеко, а на истиот тој список се наоѓаат и анасонот, лукот и ѓумбирот.

Ако сè уште се сомневате дека имате коронавирус, проверете дали ги чувствувате следните мириси:

Кафе

Ако не ја чувствувате слатката арома на кафето, потребно е веднаш да се консултирате со лекар.

Лук

Невозможно е да не го почувствувате неговиот екстремно силен мирис, освен ако не сте позитивни на ковид-19.

Шампон

Ако не го чувствувате мирисот на омилениот шампон, особено ако е со арома на кокос, тоа може да биде јасен знак дека имате ковид-19.

Цитрусно овошје

Лимонот, мандарината, портокалот и грејпфрутот се одлични овошја за да проверите дали имате коронавирус.

Есенцијални масла

Ако не ја чувствувате слатката арома на вашето омилено есенцијално масло, особено ако е од лаванда или нане, тоа е знак дека треба да се тестирате за ковид-19.

Поврзани содржини