АКО НЕ БЕВ ВАКЦИНИРАНА, ЌЕ УМРЕВ Били Ајлиш имала коронавирус

Таа исто така открила дека нејзиниот брат не се заразил со коронавирусот бидејќи бил вакциниран.

665

Гостувајќи во емисијата „SiriusXM’s“ на Хауард Стерн, младата музичка ѕвезда Били Ајлиш открила дека се заразила со коронавирусот.

„Сакам на сите да им биде јасно дека сум добро затоа што се вакцинирав. Да не бев вакцинирана, мислам дека ќе умрев, бидејќи и онака ми беше многу лошо“, открила поп-ѕвездата која наскоро ќе наполни 20 години.






„Се чувствував ужасно. „Не само поради самиот ковид, тоа беше во ред, но кога си болен, се чувствуваш ужасно, разбирате што мислам?“, рекла таа.

Таа исто така открила дека нејзиниот брат не се заразил со коронавирусот бидејќи бил вакциниран.

„Мојот брат и родителите се спасија бидејќи беа вакцинирани и не се заразија со коронавирусот. Вакцината е фантастична“, изјавила Били.

Поврзани содржини