АКО НЕ БЕШЕ ЛАМБЕ, ЌЕ НАСЕДНЕШЕ ДРУГ Стојанче Ангелов вели дека клубот бил отворен за да биде запален
Но, провокативен или не, според Ангеловски, Ванчо Михајлов е дел од нашата историја и како претседател на некогашното ВМРО, тој е претходник на Љубчо Георгиевски.
Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола бил отворен од страна на бугарските власти со претходна умисла тој да биде запален или уништуван, како смислена провокација, смета Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи и водач на партијата „Достоинство“. Ангелов го разбира гневот на пејачот Ламбе Алабаковски кој ја запали таблата, но штетата ќе била поголема ако македонските власти не дозволеле клубот да се отвори.
– Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не би требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања – рече Ангелов во гостување на Канал 5.
Тој додаде дека ако не беше Алабаковски, некој друг ќе наседнел на провокацијата. Но, провокативен или не, според Ангеловски, Михајлов е дел од нашата историја и како претседател на некогашното ВМРО, тој е претходник на Љубчо Георгиевски.
– Името „Ванчо Михајлов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја – вели Ангелов во емисијата „Само вистина“.