АКО МОЖЕ ДА СЕ КОЛАТ ЈАГНИЊА, ЗОШТО НЕ МОЖЕ КУЧИЊА? Мерко вели дека не може да најде решение со проблемот со кој се соочува Струга
Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо, рече градоначалникот на Струга.
Ако можeме да колеме јагниња, да колeме телиња, да колeме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, се правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чувaмe кучињата, кажа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион, пренесе Охрид1.мк.
– Да, нека ги чуваат оние што ги имаат дома, сѐ друго не може да се чува. И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично? Луѓе се убиваат па некој не сноси одговорност, кучиња се убиваат па треба градоначалниците да сносат одговорност. Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видувања но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо, „Ми рече еден во Мислешево јас наполнав цел трактор. Напаѓаа на стока, напаѓаа на луѓе“ – истакна Мерко.
Тој верува дека секој центар кој би се направил индивидуално не може да се справи со проблемот со кучињата скитници, зошто тогаш ќе има дотур, или налив на кучиња од таа општина или од тој центар.