Ако мора тест за во странство, за еден час ќе стаса резултатот

Работиме на еден систем на брзи тестови кои го идентификуваат вирусот, а апарати има во неколку јавни здравствени установи и институции. Резултатот стигнува за еден час - додаде Филипче.

718

Имаме капацитет за тестирања кај оние граѓани штошто ќе сакаат да патуваат во странство, доколку се донесе одлука тестот да биде неопходен – рече денеска министерот за здравство,  Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

– Работиме на еден систем на брзи тестови кои го идентификуваат вирусот, а апарати има во неколку јавни здравствени установи и институции. Резултатот стигнува за еден час. И ако е наша заедничка одлука, тоа ќе може да го спроведеме – додаде Филипче.






Во врска со отварање на градинките, тој кажа дека се работи на протоколот, а процесот ќе се  искоординира со враќањето на родителите на работа.

– Детали разменуваат Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика. Верувам дека следната недела ќе заврши тестирањето и веднаш потоа, но и во согласност со одлуките да се вратат дел од луѓето на работа за тоа да биде координирано – појасни Филипче.

 

Поврзани содржини